Годинава во Охрид, по 14- ти пат, на 27- ми и 28- ми јуни ќе се одржи фестивалот на новокомпонирана македонска музика „ Канео Фест “, а по  четврти пат во организација на Телевизија Морис.

По теркот на минатата година и оваа фестивалот ќе биде одбележан со две фестивалски вечери. Отварањето на фестивалот ќе биде утревечер, во 21 часот на Летната сцена при Центарот за култура при што ќе бидат изведени 22 новокомпонирани фолк композиции.  Композициите ќе бидат оценувани според гласовите на публиката и од страна на стручно жири кое ќе биде составено од професори по музика.

Фестивалот ќе се заврши наредната вечер,на 28- ми јуни, кога ќе бидат изведени 20 новокомпонирани  композиции од областа на поп музиката. Како и на фолк така и на поп вечерта композициите ќе бидат оценувани со гласовите од публиката и со гласање на стручното жири. Фестивалот ќе биде сниман и емитуван на неколку национални и регионални телевизии,а ќе биде издработен  и ДВД материјал.

Покрај прва,втора и трета награда од публика и прва,втора и трета награда од стручно жири,ќе бидат доделени и награди за најдобар аранжман,награда за најдобар текст,награда за најдобар сценски настап,награда за најдобар дебитант и ГРАН ПРИ на фестивалот кое што го доделува организаторот.

Фестивалот е поддржан од локалната самоуправа.

OhridNews