Тековно и мирно се одвива процесот на гласање од вториот круг претседателски и парламентарни избори во сите избирачки места на територијата на општините Охрид и Дебрца.

До 15 часот излезноста во Охрид е 38,41% за претседателските избори, додека за парламентарните избори 38,86 отсто, информираат од ОИК Охрид.

Во Охрид се гласа на 87 избирачки места, а во Избирачкиот список запишани се 51.717 избирачи за претседателските, додека за парламентарните 51.865 лица.

Излезеноста во Дебрца до 15 часот за претседателските избори е 36,80%, додека за парламентарните е  36,74 отсто, покажуваат податоците на ДИК.

Во Дебрца се гласа на 23 избирачки места, а во Избирачкиот список за претседателски избори запишани се 4001 лице, додека за парламентарните 4009 лица.

Н.С.Ј.

фото. Б. Стојаноски