Повеќе од 300 диви собови се пронајдени мртви откако молња погоди централно планинско плато во јужна Норвешка, објавија норвешките власти, пренесува „Макфакс“.

Бура во петокот го погодила платото Хардангервида, во регионот Телемарк, каде се пронајдени 322 мртви собови, изјави портпаролот на инспекторатот за природа Кнут Јуленд.

Овој „невообичаено голем“ број угинати животни од ударот на молња се објаснува со тоа што овој вид ирваси често на пасиштата стојат многу блиску едни до други.

Платото Хардангервида, чиј голем дел се наоѓа во национален парк, е популарна дестинација за рекреација, а во него живеат околу десет илјади диви собови.

OhridNews
извор: „Макфакс“