2535 лица се регистрирани за невработени во Охрид согласно статистиката од Агенцијата за вработување на РСМ заклучно со јуни годинава. Од нив, 1191 се жени, а 1344 мажи.
Податоци од анализи направени од страна на Агенцијата според степенот на образование и возраста достапни се заклучно со мај 2024 кога бројката на невработени лица изнесува 2543.
Статистиката, заклучно со овој месец покажува дека најмногу од невработените имале завршено основно образование или се без образование или 875 пријавени лица, 770 лица се невработени со средно образование, додека со нетпотполно средно образование се 490 лице. Вработување со вишо образование чекаат 60 лица, со високо 307, како и 41 магистар на науки.
Во однос на возраста 583 лице се на возраст над 60 години, 389 се на возраст од 55 до 59 години, 275 на возраст од 50 до 54, 240 од 45 до 49, 266 од 40 до 44, 240 од 35 до 39 години… Вработување над осум години во Охрид, чекаат 437 лица.
Во моментов на електронскиот систем при Агенцијата за вработување во Охрид има 279 слободни работни места.
Н.С.Ј.