Трудовите инспектори затекнале 2.139 непријавени работници при декемвриските контроли во државава. Од нив, по донесените 542 решенија за забрана на работа на работодавачот, пријавени се 1.626 работници.

Извршени се вкупно 6.499 контроли од областа на работните односи и од областа на безбедноста и здравјето при работа.

Од областа на работните односи извршени се вкупно 4.477 инспекциски надзори и поднесени се 643 барања за поведување на прекршочна постапка. Од областа на безбедноста и здравјето при работа извршени се вкупно 2.022 инспекциски надзори и донесени 11 забрани за работа за деловни простории.

Извршени се 46 увиди на самото место за потешки повреди на работа, од кои што два смртни случаи. Поднесени се 117 барања за поведување на прекршочна постапка за повреди на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за инспекција на трудот, како и четири кривични пријави.

Ohridnews