На вториот круг од претседателските избори во Општина Охрид до 11 часот излезеноста е 14,59 отсто, односно гласале 7.539 лица, додека во Дебрца гласале 566 лица, односно излезеност е 14,37 отсто, информираат од Општинските изборни комисии во Охрид и Дебрца.
Споредбено со првиот круг од претседателските избори се бележи поголема излезeност имајќи предвид дека во Општина Охрид до 11 часот излезноста беше 12, 94 отсто, додека во Дебрца 14 отсто.
Во поглед на парламентарните избори излезеноста во Охрид е 14,62 отсто односно гласале 7.575, додека во Дебрца е 14,38%.
Гласањето се одвива тековно и без проблеми посочуваат од Општинските изборни комисии во Охрид и Дебрца.
Н.С.Ј.
фото. Б. Стојаноски