Веста за огласот за вработување на македонското министерство за јавност, со која еден од условите е кандидатите да имаат коефициент на интелигенција од 140, предизвика внимание и во САД, пренесува „Макфакс“.
Информацијата ја пренесе агенцијата Асошиејтед прес, а беше објавена и од страна на угледниот Вашингот пост, под наслов „Мислиш дека си интелигентен? Македонскиот министер за здравство бара да вработи генијалци“.
Дека оваа вест предизвика интерес и кај читателите на познатиот весник, говори податокот дека истата е постирана на социјалната мрежа фејсбук над 1.350 пати.
Во веста се наведува дека во македонското министерство за здравство се бараат советници со интелигенција над 140 поени, кои ќе советуваат еднаш или два пати месечно за дневен надомест од 3.000 до 5.000 денари (64-100 долари).
Просечниот коефициент на интелигенција е 90-110. Над 140 луѓето се сметаат за генијалци, се вели во текстот.
Весникот пишува дека македонските јавни институции не практикуваат на кандидатите за вработување да им бараат тест за интелигенција.
извор:„Макфакс“