Во контрола на сообраќајната полиција, изминатиот викенд во регионот што го покрива СВР Охрид, санкционирани се 48 возачи на моторни возила кои, во населено место ја пречекориле дозволената брзина на движење: Охрид-06, Струга-12, Кичево-25, Дебар-05, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Исто така санкционирани биле и 56 возачи кои, надвор од населено место управувале со поголема брзина од пропишаната: Охрид-41, Струга-02, Дебар-13.
Полицијата евидентирала и 29 прекршоци, најчесто неносење на заштитен шлем, сторени од возачи на мотори:Охрид-13, Струга-05, Кичево-08, Дебар-03, на кои, изречени им се соодветни санкции.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36 годишна државјанка на Русија и 24-годишен жител на скопското село Глумово.
На 5 јуни во 00.25 часот, полициски службеници кај охридското село Подмолје, сопреле патнички автомобил „Хјундаи Гец“ со регистарски национални ознаки од Црна Гора што го управувала руската државјанка и констатирале дека таа и сопаникот не поседуваат соодветна дозвола за движење. Со тоа, пријавените ја прекршила мерката за забрана за движење на населението за време на полициски час заради спречување на ширење на коронавирус Ковид-19, соопшти СВР Охрид.
OhridNews