Над 10.000 обожаватели ќе присуствуваат на концертот на Лени Кравиц вечерва на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. „Интересот е огромен. На концертот на Лени ќе дојдат фанови од Македонија, Албанија, Косово, Србија, но и од Грција“, изјави за Оhridnews, Денис Илоски од Авалон продукција. Ова ќе биде најголем музички настан кој некогаш е одржан од осамостојувањето на Македонија, додава Илиоски.


фанови од целиот регион на концерт на Лени во Охрид


Концертот на Лени ќе биде најголем музички настан одржан кај нас
Денис Илиоски – „Авалон“

На охридскиот стадион на само неколку часа пред концерот подготвителните работи беа во полн ек. Стотина работници ја местеа 24 метарската бина и другата концертна опрема која севкупно тежи 15 тони  и е најголема сцена поставена на овие простори.




24-метарската бина

Лени Кравиц кој вчера пристигна во Охрид за концертот се подготвува далеку од очите на јавноста.  Рок ѕвездата немала посебни барања, велат организатрорите. „Лени Кравиц е голема ѕвезда и нема посебни барања или пикантерии. Концертот во Охрид ќе биде еднакво добар како и тие во Париз,Лондон или Њу Јорк“, вели Денис Илиоски од Авалон.



Се очекуваат 10.000 луѓе на концертот на Лени Кравиц во Охрид

Во Охрид , Лени Кравиц ќе го промовира новиот албум „Љубовна револуција“, а како загревање за главниот настан ќе настапи македонската рок група „Ареа“. Околу стадионот од попладнево на сила е посебен режим на сообраќај. За безбедноста и редот ќе се грижат бројно приватно  обезбедување, но и специјални полициски сили. Организаторите апелираат до обожавателите на концертот да доаѓаат пеш поради ограничениот паркинг во околината на стадионот.

ohridnews