Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.
По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 1068 прекршоци, информира МВР.
OhridNews