Рекордни 1000 капачи ќе запливат по чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро на празникот Водици во понеделник,  најавува здружението за целосна афирмација на МПЦ „Богојавление“-организатор на манифестацијата.


Бројот на пријавени кои ќе скокаат по крстот постојано расте и очекувам до понеделник тој да надмине 1000, вели Олег Маленко, еден од тројцата кумови на годинешните Водици. Досега не сме имале ваков интерес, а меѓу пријавените има и девојки кои рамноправно ќе скокаат по чесниот крст со момчињата, додава Маленко.


Олег Маленко

Оваа година за прв пат крстот ќе  се фрла од бродот „Галеб“, информира Љупчо Арнаудов од „Богојавление“. Според него годинава зголмен е и интересот на тур-оперторите за празникот Водици во Охрид. Арнаудов очекува верскиот спектакл да го проследат над 20.000 охриѓани но и гости од надвор. Голем дел од хотелите членки на „ХОТАМ“ кои ги намалија цените за половина се речиси исполнети за Водици и се надеваме дека се ќе мине во надобар ред, изјави Арнаудов.


Љупчо Арнаудов

Вчера во црквата Св.Никола Геракомија беше извршено примопредавањето на кумството за Водици. Како што е познато годинешни кумови на големиот православен празник во Охрид се Христијан Шапкар, Борис Маркулески и Олег Маленко.

ohridnews