Најмалку 100 луѓе се убиени, а 120 се ранети во вторникот кога авион на нигериската армија по грешка бомбардирал бегалски камп во североисточна Нигерија, соопшти хуманитарната организација Лекари без граници (Médecins Sans Frontières – MSF) и локално население. Бил бомбардиран логор за бегалци во североисточната нигериска сојузна држава Борно, потврдиле претставници на локалните власти за британската агенција Pess Association, пренесува „Макфакс“.
Нападот бил извршен во текот на операцијата против екстремистичкото исламистичко движење Боко Хаам, изјавил командантот на нигериските сили во регионот, генералот Лаки Ирабор. Според него, војската располагала со информации, дека борци на групацијата се наоѓале во регионот во кој биле нанесен ударот.
„Загинале цивилите. Уште немаме утврдено колку луѓе загинале во авионскиот напад“, рекол генералот Ирабор.
„Воениот авион по грешка го бомбардирал Ран, на истокот од Борно“, изјавил за AFP еден жител и прецизирал дека најмалку 25 луѓе се убиени, како и дека има многу рането по бомбардирањето, пренесе претходно AFP.
Екипите на MSF претходно објави дека виделе 120 ранети и 50 мртви.
AFP подоцна објави дека меѓу загинатите се и шест припадници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, а тринаесет се ранети.
Лекари без граници и Црвениот крст делат храна во споменатиот логор Ран, каде се сместени жители на областите кои бегаат пред насилствата на џихадистичката Боко Харам.
Откако последната седмица од минатата година беше објавено дека нигериската армија го зазема клучниот логор на Боко Харам, и се смета дека тоа е последната енклава на бунтовниците во североисточната шума Симиса кое било нивно упориште, претседателот Мухамаду Бухари, најави дека борбата против исламистите влегува во последната фаза.
Џихадистичката група Боко Харам, која ѝ изјави лојалност на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава, на почетокот од минатата 2015 година контролираше област на североистокот од Нигерија со големина на Белгија, но во текот на ланската и оваа година нигериската војска и силите на соседните држави во кои исто така дејствуваше ова движење го потиснаа од поголемиот дел од тие територии до неговата база во шумат Самбиса.
Во Нигерија, особено последните седум години дејствува радикалната исламистичка група која некои ја сметаат и за секта – Боко Харам која е основана во 2002 година. Таа настојува во северна Нигерија да формира исламска држава во којашто ќе владее најстрогото толкување на шеријатското право и се противи на западниот модел на образование што всушност и значи нејзиното име „Западното учење е забрането“ на локалниот хауса јазик.
Групата стои зад повеќето терористички напади во градовите и масакри во руралните области на земјата и се смета за одговорна за повеќе од дваесет илјади жртви и 2,6 милиони раселени лица од 2009 година.
Боко Харам се смета за најголемата безбедносна закана не само за Нигерија, којашто е најбројната африканска нација чии околу 180 милиони жители се поделени речиси половично на христијани и муслимани, најголемата африканска економија и производител на нафта, туку и за соседните држави.
OhridNews
извор: „Макфакс“