Над сто охриѓани денес добија бесплатни здравствени прегледи кои на плоштадот Крушевска Република ги вршеа медицински екипи од Здравствен дом Охрид. Најголемиот број од нив беа повозрасни граѓани со хронични заболувања.

Овие акции секогаш наидуваат на голем интерес, особено кај повозрасните граѓани кои имаат покачен крвен притисок, шеќер во крв. Извршивме над 100 прегледи, независно дали граѓаните имаа здравствено осигурување, информира д- р Горан Симјановски, раководител на службата за Итна медицинска помош.

Денешната акција насловена како „ Здравје за сите“ е во организација на министерството за здравство, Центарот за јавно здравје и Службата за итна медицинска помош при охридскиот Здравствен дом.

Целта на ваквите акции, кои се организираат на секои два месеца, е превентивна контрола на хронични неинфективни заболувања, пред се кардиоваскуларни и респираторни заболувања.

OhridNews