Рекордни 62 000 000 денари или 1 000 000 евра носи 7-ката на играта ЛОТО 7 на Државна лотарија, што е досега најголема сума што може да се освои во нашата земја.
Инаку, Државна лотарија започна со приредување игри на среќа на 23 април 2010 година, а првото коло на играта на среќа лото под име НовоЛото 7/34 се реализираше на 5 мај 2010 година.
Првата седумка во играта НовоЛото 7/34 е постигната на 5.9.2011 година со вредност од 21.173.081,00 денари, а среќните броеви се уплатени во продажното место „Студио Гина“ во Битола. Оттогаш во лото играта, којашто во 2019 беше преименувана во ЛОТО 7, постигнати се вкупно 27 (дваесет и седум) седумки, а за седумка се славеше во различни градови: дванаесет пати во Скопје, петпати во Битола, двапати во Кичево, двапати во Куманово и по еднаш во Свети Николе, Тетово, Неготино, Струмица, во Кавадарци и во Кочани.
Во однос на вредноста на добивките со 7 погодоци досега постигнати се 11 добивки со гарантирана вредност од 6 000 000,00 денари и една со гарантиран фонд од 7.777.777,00 денари. Сите други седумки се добивки коишто се над гарантираниот износ од страна на Државна лотарија.
Најголемата премија досега е во вредност од 41.163.771,00 денари, а среќните броеви добитникот ги уплатил во продажното место ЈМБ Компани Визбегово во Скопје.
Фондот за 7-ката којашто сега изнесува над 1 000 000 евра започна да се собира по освојувањето на последната седумка којашто беше исплатена во декември 2022 година во Кичево, откога фондот за 7-ка во ЛОТО 7 постојано расте.
Секое наредно коло ќе го очекуваме новиот добитник на 7-ка кого го чека премија досега највредна и најголема во државата. Нечии 30 денари, колку што чини една лото-кобинација, може да станат влог во комплетна промена на животот. Затоа не заборавајте да ги уплатите ваши среќни броеви и да ја искористите можноста од само 30 денари да дојдете до најголемата премија вредна над 1 000 000 евра и да станете најголемиот лото милионер во нашата земја, порачуваат од Државна лотарија.
OhridNews/PR