Над еден милион денари се инкасирани во охридската општинска каса од туристичка такса во првиот квартал од 2024 година. Како што информираат од Општина Охрид износот на туристичкиот промет за овој период од годината изнесува 1 149 814,00 денари.
Споредбено изминатите години на годишно ниво се бележи зголемување на наплатата. Туристичкиот промет во 2023 година е 20 221 832,00 денари, додека во 2022 година 17 498 585,00 денари, велат од Општина Охрид.
Имено согласно законот, средствата прибрани од туристичката такса треба да се реинвестираат во туризмот.
Средствата собрани од туристичката такса се реинвестираат во Програмата за развој на туризмот за проекти и активности за поддршка на туристичката сфера, посочуваат од Општина Охрид.
Инаку, бројот на регистрирани даватели на угостителски услуги од мал обем, станоиздавачи во Општина Охрид изнесува 3049.
Н.С.Ј.