Нацрт Закон за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог Законот за прогласување на Студенчишко блато во Охрид за заштитено подрачје во категорија IV парк на природата се вратени во почетна фаза од страна на собраниската комисија надлежна за заштита на животна средина, информираше министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
Вратени се заради дополнителна доработка на предлог законите, со цел изнаоѓање на поквалитетни решенија во однос на заштитата на Охридскиот регион и неговото исклучително универзално природно добро, потенцираше Меџити.
Во однос на исполнувањто на препораките на мисијата на УНЕСКО за заштитеното подрачје Охрид, истакна дека постапувајќи по Одлуката на Комитетот за светско наследство од Ријад, надлежните институции, вклучувајки го и Министерството за животна средина и просторно планирање, ги спроведуваат препораките од Комитетот за светско наследство со цел намалување и отстранување на факторите кои негативно влијаат на квалитетот на животот на нашите граѓани.
Визија споделена меѓу сите учесници е да се зачува исклучителната универзална вредност на доброто, препораките од Комитетот за светско наследство при УНЕСКО кои силно инсистираa државите членки да ги имплементираат итните мерки за да се нагласат постојните закани и да се спречи појавата на нови закани кои би влијаеле врз исклучителната универзална вредност, посочи Меџити.
OhridNews