Македонската традиционална таеквон-до федeрација (МТТФ) на 31 јануари, петок, во Спортската сала на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” во Лескоец-Охрид, под водство на Марјанчо Лазаревски, црн појас V дан, претседател и национален тренер на М.Т.Т.Ф и Саша Поповски, црн појас V дан, почесен претседател и национален селектор на М.Т.Т.Ф организира Национален семинар за лиценцирани судии (А,Б класа) и тренери.

На семинарот можат да учествуваат членови од сите клубови на Федерацијата и сите љубители на нашиот спорт. Семинарот е наменет е за лиценцирани тренери (Б класа) носители на 6 куп-1 куп (одзелен појас-до црвен виши појас), лиценцирани тренери (А класа) и судии носители на црн појас I дан – до црн појас V дан, посочуваат организаторите.

Истиот ќе биде поделен на теоретски и практичен дел. За тренери задолжително добок и појас, а за судии задолжително судиски дрес код.

Пријавувањето е на меил адресата: [email protected] до четврток, 30-ти јануари до 24:00 часот.

OhridNews