Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека е изработен Нацрт–Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028 година.
Согласно постоечката законска регулатива (Законот за животна средина, Законот за управување со природно и културно наследство на Охридскиот регион и Архуската конвенција) Планот е достапен за увид и јавна консултација на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање http://www.moepp.gov.mk/?page_id=3194
Мислењата по истиот можат да се достават до Министерството, како орган на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 60 дена од објавувањето на електронската адреса:[email protected] или [email protected] .
Во рамки на консултативниот процес, на почетокот на ноември 2019 г. ќе биде организирана и јавна расправа за што јавноста ќе биде дополнително известена.