Со суперлативи се пишува за судењето на македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов во финалето на Европското првенство помеѓу Шпанија и Хрватска. Судиската двојка со делењето на правдата го обели македонски образ, откако репрезентацијата не се прослави на континенталниот собир.
На истекот од 59-та минута, Начевски му ја одзеде топката на Хрватска поради чекори на Игор Карачиќ. На спротивната страна Шпанија која имаше плус еден реализираше и се одлепи на недостижни два разлика. Начевски изјави дека убеден бил дека Карачиќ погрешил и оти одлуката е исправна.
Не беше лесно да се донесе таква одлука во секундата. Олеснителна околност во тој момент беше што 100% бев убеден дека Карачиќ погреши. – изјави Начевски.
Siempre es buen momento para recordar cuando Igor Karacic decidió hacer el Camino de Santiago durante una final de un Europeo. pic.twitter.com/Pbphi3wavO
— Edu Agulló Canosa (@Eduagullo) January 27, 2020
За судиската двојка ова беше прво финале на големите натпревари. Според судењето и оценките сигурно нема да биде и последно. Начевски и Ноколов долги години се амбасадори на македонскиот ракомет надвор од нашите граници.
OhridNews