Селекцијата на Шпанија е старо-нов ракометен шампион на Европа! „Црвената фурија“, трофејот го одбрани со победата над Хрватска 22-20 (12-11) во финалето кое се одигра на фудбалскиот стадион „Теле 2“ арената во Стокхлом во Шведска.

Финалето кое го судеа најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов помина во егал и со голема борба на секоја педа од теренот. Почетокот на мечот им припадна на хрватите кои поведоа со 2-0. Разликата ја задржаа до 20-та минута кога поведоа со највисоки три разлика 10-7. Во финишот од првото полувремето Шпанија со 4-0 серија го презеде водството 11-10 и на одмор замина со 12-11.

Шпанија на стартот од првото полувреме со 4-1 се одлепија на највисоки 16-12. Хрватска не се откажа и на крилата од публиката во „Теле 2“ аренета стигна до егал 18-18. Во завршниот дел од натпреварот Шпанија имаше повеќе нерви и реализација во нападите, додека хрватите згрешија во клучниот напад и ја испуштија шансата да го освојат медалот кој им недостига.

Десното крило Гомез со пет голови беше најефикасен кај шпанците. Три голови реализираше Македа, а по два постигнаа дури пет ракометари. Во составот на Хрватска, Дувњак стрелаше пет пати, а по три пати беа прецизни Хорват, Карачиќ, Степанчиќ и Мариќ.

OhridNews