Имињата на најдобрите македонски ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се најдоа на скратениот список на судии кои ќе ја делат правдата на Светското првенство во Египет.
Начевски и Николов, очекувано, ги поминаа сите филтри од Светската ракометна федерација (ИХФ) и шести пат последователно ќе бидат дел собирот на најдобрите ракометни репрезентации.
За потсетување, македонскиот судиски тандем минатата 2020 година го судеа финалето на Европското првенство во кое се сретнаа Шпанија – Хрватска.
OhridNews