Светската ракометна федерација (ИХФ) одлучи финалето на Мундијалот 2023 да го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Така, ИХФ покажа дека македонската судиска двојка е меѓу најдобрите на светот. Начевски и Николов заслужено го добиваат финалето со оглед на тоа како ја делеа правдата на натпреварите на СП на кои беа делегирани, а некои од нив беа вистиснки дерби.
Натпреварот за златото ќе се игра во Стокхолм вечер со почеток во 21 часот а во него ќе учествуваат Франција и Данска.
Претходно, од 18 часот, дуел за третото место ќе имаат Шведска и Шпанија.
Во натпревар за 5. место Германија се среќава со Норвешка (почеток 13 часот), додека за 7. место играат Египет и Унгарија (15:30 часот).
OhridNews