Државната изборна комисија, на денешната 12-та седница, наведе дека е одбиена жалбата за набавка на уреди за биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст, со што во наредниот период ќе се склучи договор со економскиот оператор за набавка на истите.
Комисијата пред околу половина час доби известување од Државната комисија за решавање по жалби за јавни набавки, дека жалбата поднесена во постапката за тендерската постапка за набавувањето на уредот на биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст е одбиена. Што значи дека конечно ДИК како договорен орган има правосилна одлука, односно конечна одлука во постапката. Избран е економскиот оператор и во наредниот период ќе се пристапи кон склучување на договор со истиот за набавка на уредите, наведоа на седницата.
Од ДИК додадоа дека со тоа е исполнет и последниот услов за одржување на изборите и, како што истакнаа, се надеваат дека ќе се оствари правото „еден гласач, еден глас“.
Наведоа дека првата испорака треба да биде за околу 20 дена и тоа пет проценти од вкупниот број, од четири илјади.
OhridNews