Виктор Панков од Русија своите сограѓани од најисточниот град во Русија Владивосток ги изненадил патувајќи по улиците со оклопно возило кое го набавил пред три месеци за да може со него да оди во шопинг. Вели дека во него се чувствува најбезбедно и дека нема намера со ништо да го замени.


За да му биде уште поудобно во возилото вградил звучници и додал кожни седишта. Со своето оклопно возило гази се пред себе и едвај чека со него да оди на лов и риболов.