Со пари од кредитна линија од Светска банка, локалната самоуправа набави седум нови комунални возила за потребите на јавното претпријатие „Охридкси комуналец“, во вредност од 450.000 евра .

  • Ваквите модернизации им се неопходни на јавните претпријатиеја. Со овие нови возила ЈП „Охридски комуналец“ значително го зголемува својот капацитет и услужноста кон граѓаните. Се надевам дека ваквите инвестиции ќе продолжат и во иднина, изјави в.д. градоначалникот Константин Георгиески.

Набавката опфаќа едно 20 кубично возило за собирање отпад во централното градско подрачје, две осум кубични возила, цистерна за миење на улици, две три кубични возила наменети за подигање на отпадот од стариот дел од градот и еден трактор, кој има повеќе намени, меѓу кои и чистење на снег, косење трева на зелени површини.

  • Со нивната примена ќе се придонесе кон поголема ефикасност во работењето на претпријатието, но и значително ќе ги намали трошоците, затоа што досега многу голема беше ставката за набавка на резервни делови за старата механизација. Три кубичните возила се од посебно значење за стариот дел од градот, бидејќи имаат таканаречен „када систем“, односно нема да има никаков исцедок од отпадот при неговото пренесување со возилата. И 20 кубичното возило е со посебен резервоар за исцедок од комуналниот отпад, нагласува директорот на ЈП Охридки комуналец, Љупчо Грданоски.

На наредната седница на советот на општина Охрид новите возила ќе му бидат доделени на користење на претпријатие по што ќе може да се користат во секојдневното работење на претпријатието.

OhridNews