Обезбедени нови 1212 канти за отпадоци и 59 контејнери за домаќинства во Струга. Како што информираат од ЈП Комунално Струга домаќинствата кои имаат оштетени канти истите ќе можат да ги заменат со нови преку пријавување во канцелариите на месните заедници во општина Струга.
Подобрувањето на хигиената е од суштинско значење за животната средина и за здравјето на граѓаните. Со замената на старите и оштетени канти, воспоставуваме поефикасен и поеколошки начин за справување со отпадот. Старите канти, откако ќе бидат собрани, ќе бидат предадени на специјализирана фирма за рециклирање, со што дополнително ќе придонесеме за заштита на животната средина, вели директорот на ЈП Комунално Струга, Иќмет Ислами.
Воедно изразува благодарност до Министерството за животна средина за оваа значајна донација, но и упати апел до сите граѓани да го одлагаат отпадот соодветно и да ги користат новите канти и контејнери наменски.
Со тоа, не само што ќе придонесеме за чиста животна средина, туку и ќе го подобриме квалитетот на живот за сите нас, потенцира Ислами.
OhridNews