Набавена нова опрема за занималните во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Опремата, како што посочуваат од Општина Охрид, се состои од 37 детски масички од буково дрво за деца од 2 до 6 години, 100 детски дрвени, анатомски столчиња за деца и 95 детски душеци од 100% памучен материјал.
Во текот на оваа година ќе бидат реализирани низа проекти за поставување на нови фасади на неколку објекти од градинката, нови подови, реконструкција на внатрешни ѕидови и набавка на нова опрема, посочуваат.
OhridNews