Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Италија ќе бара одземање на дополнителни 20 бодови на Јувентус поради финансиски малверзации, што сосема извесно ќе значи нова преселба на гигантот од Торино во Серија Б како што тоа беше случај во 2006 година поради аферата „Калчополи“, јавија денеска италијанските медиуми.

Поради финансиски малверзации поврзани со трансфери на свои играчи во 2021 година, Јувентус минатиот месец беше казнет со одземање 15 бодови и суспензии за клупското раководство, кое дополнително поднесе колективна оставка.

Јувентус во моментов се наоѓа на 13. место на табелата во Серија А со 23 бодови, десет повеќе од зоната на испаѓање, но во случај на дополнителна казна, екипата предводена од Масимилијано Алегри ќе биде пред невозможна мисија да остане и следната сезона во прволигашка конкуренција.

OhridNews