На капитенот на Ливерпул, Стивен Жерард му се заканува казна затвор до 5 години поради физички напад врз 34-годишен маж во ноќен клуб. Инцидентот се случил во понеделникот околу 2:30 часот по големата победа на Ливерпул над Њукасл(5:1). Во инцидентот учествувале шестмина напаѓачи меѓу кои и ѕвездата на Ливерпул.


Му се заканува казна затвор – Стивен Жерард

По интервенцијата на полицијата Жерард бил приведен, а следниот ден бил ослободен со кауција. Тој ќе биде гонет кривично, а доколку биде прогладсен за виновен може да заработи казна затвор до 5 години.

Ohridnews