Бидејќи не им било доволно тоа што на жените им забраниле да носат пантолони, членовите на Државниот врв во Малезија имаат во план да им ја забранат и јогата.

Заменикот на претседателот на Владата во Малезија, генералот Отман Мустафа,по семинарот за исламска правна филозофија, им рекол на новинарите дека наскоро ќе издаде службено соопштение.


Закарија Стапа, професор по исламистички студии, на семинарот изјавил дека муслиманите не смеат да вежбаат јога бидејќи тоа им штети на верата. Минатата недела донеле одлука дека носењето пантолони може да доведе до лезбејски односи.

Хомосексуалноста е забранета во Малезија, каде повеќе од половината од населението (од вкупно 28 милиони луѓе) е со муслиманска вероисповест.