Мозокот на жените има потреба од повеќе сон отколку мозокот на мажите, се наведува во најновата студија на американските научници, а пренесуваат француските медиуми. Научниците од универзитетот во Јужна Каролина навеле дека на некои им е доволно шест а на наекои девет часа сон. На жените им е потребно повеќе сон да одморат и да го регенерираат мозокот.

 

Тие ја испитале потребата на сон на двата пола и дошле до заклучок дека на жените им е потребно повеќе спиење бидејќи преку ден повеќе користат еден дел од мозокот за извршување на секојдневните работи. Ако помалку спие, жената е посклона кон психолошки проблеми, чести промени на расположението, дури и депресија. Научниците навеле дека за саморегенерирање на мозокот е добро спиење, но не подолго од 90 минути.