Легендарниот вокал на „Бијело Дугме“, Жељко Бебек покрај работниот ангажман поврзан со концертот на „Билјанини извори“, помина и неколку слободни денови во Охрид. Прв пат подолго е на охридското крајбрежје, но како што рече на прес конференцијата пред настапот, воодушевен е од убавините на градот и езерото.

– За среќа имам два три дена да го разгледам ова преубаво место и единствено што сакам е некој да ме провози со глисер по езерото, рече Бебек.


Бебек покрај езерото го разгледа и градот, а го почувствува и ноќниот живот во Охрид. Две вечери тој мина во кафе-пабот на неговиот помлад охридски колега Ѓоко Танески и Александар Силјаноски, „Castelo“ кај старата автобуска станица. Бебек како што дознаваме уживал во вкусната храна, а расположението го дозирал со „џејмисон“. Иако е голема ѕвезда, Бебек се однесувал најнормално, дружејќи се со љубезните домаќини со кои се фотографираше за спомен. Бебек, „Castelo“ го посети и по концерто на „Билјанини извори“ заедно со Ален, Тифа, менаџерскиот тим и бројните македонски пејачи кои настапија пред нив.


Бебек, Ѓоко и екипата нa Castelo

OhridNews