Македонската аплинистичка федерација (МАФ) на завршна церомонија која се одржа во Охрид ги круниса најдобрите во алпинизмот за годината која изминува.

Церомонијата ја збогатија првиот човек на охридскиот клуб „Патагонија“ Антонио Додевски, претседателот на МФ Игор Талевски и искусниот алпинистички водич Константин Циривири. Додевски  зборуваше за планинската куќа на Галичица и нејзиното реновирање и за спасителската служба која е од големо значење во развојот на безбедниот авантуристички туризам. Талевски имаше општо обраќање за алпинизмот, а интересно излегување пред присутните имаше Циривири кој сликовито ги објаснуваше активностите на македонските алпинисти.

Добитници на признанија:

Најдобри млади алпинисти: Матеј Мајстороски, Тадеј Циривири, Стефан Ристов

Најуспешна аплинистичка наврска: Зоран Мајстороски и Надир Мурсели

Најдобар алпинистички клуб: Матка

Најдобар алпинист: Зоран Мајстороски

OhridNews