Властите се надеваат дека затворениците низ игра ќе се потсетат на информации важни за решавање на случаи со исчезнати луѓе. Нудат и награди за информациите.


Затворениците од 58 затвори во Њу Јорк добиле карти со слики од исчезнати луѓе. Се надеваат дека фотографиите ќе ги потсетат и ќе им помогнат на властите да ги решат старите случаи. Програмата е под спонзорство на Сенатот. Дури 7200 пара карти е пратено во затворите. Содржат информации за исчезнати луѓе и телефонски број каде можат да се јават. Нудат награди за сите, дури и затворениците, кои имаат потребни информации или корисни трагови. Џозеф Бруно, републиканец со мнозинство во Сенатот, субвенционирал повеќе од 6.200 евра за оваа програма.
– Бараме начин да дојдеме до самиот извор на криминалот. Се надеваме на информации или барем некои други траги-напишал Бруно во изјавата.
Портпаролот на Бруно изјавил дека сличен обид на Флорида донел до решавање на некои стари случаи.