Вработените во данската пивара Карлсберг одлучиле да штрајкуваат бидејќи компанијата им го ограничила пиењето пиво на паузата за ручек. Вработените тврдат дека отсекогаш имале право на три пива, без оглед на тоа што пијат за ручек. Досега имало бесплатно пиво, сокови и вода насекаде, но одлучиле од ладилниците да го отстранат пивото.
Од сега па натаму пиво ќе можат да пијат само на паузата за ручек. Конфедерацијата на данската индустрија наводно заклучила дека штрајкот е илегален и дека ќе ги казни работниците кои го поддржуваат.