Со подигнување на стартните пакети и состанок на учесниците со организаторите на кој беа презентирани правилата и прописите официјално започна првото издание на Картинг трката Римо.

На првите квалификации кои ќе започнат утрово во 10 часот ќе се појават точно 60 учесници, а ќе бидат поделени во 12 групи по пет натпреварувачи. Најдобрите двајца од секоја група ќе обезбедуваат пласман понатаму.

Организаторите ги повикуваат сите љубители на мото спортот да бидат дел од првото издание да им поддршка на учесниците кои ќе ја загреаат атмосферата на трката во Картинг центарот Римо.

Мх.П.