Ракометниот клуб Охрид ќе продолжи онаму каде што застана најави новата локална самоуправа на чија иницијатива денеска се одржа состанок на бордот на директори, спонзори и подржувачи на клубот.
Договорено е да се одржи вонредно собрание на кое ќе бидат избрани соодтветните тела на РК Охрид согласно законот за акционерски друштва.
Во меѓувреме клубот продолжува да функционира со полн капацитет, актуелниот играчки состав, тренер и со поддршка од Општина Охрид која е главен акционер во друштвото.
Новиот градоналачник Јован Стојаноски најави целосна поддршка на клубот изразувајќи надеж дека РК Охрид ќе продолжи по патот на успехот како и подеднавко успешно ќе ги развива младинските категории на што во иднина ќе биде ставен посебен акцент.
„Гладијаторите“ сезонава успешно дебитираа во Купот на ЕХФ поминувајќи го Крас Волендам во првата, а во Супер лигата по пет одиграни мечеви се наоѓаат на третата позиција со десет бодови. Следен ривал на охриѓани е Борец од Велес, мечот ќе се одигра в сабота со почеток во 19 часот и 30 минути.
Г.М./Мх.П.