Почна лидерската средба во претседателската резиденција на Водно.

Освен лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на средбата присуствуваат лидерите на сите политички партии застапени во Собранието, како и собранискиот спикер, Трајко Вељаноски.

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов и претседателите на партиите треба да разговараат за актуелните политички случувања во земјата и во законодавниот дом. Претседателот Иванов се надева дека низ отворен дијалог ќе се надмине актуелната ситуација во работата на законодавниот дом.

Опозициските партии, СДСМ, НСДП и Нова демократија најавија дека ќе постават повеќе барања и услови за продолжување на политичкиот дијалог и за враќање во парламентот.

OhridNews
извор: Makfaks