минатото лето билбордот за Турција ги пречекуваше туристите во Охрид
Од Локалната самоуправа велат дека не можат да влијаат врз содржината на рекламите на билбордите затоа што со нив стопанисува Јавното претпријатие „Македонија пат “ и рекламните агенции Акцент медиа и Еуролинија склучуваат договори за рекламирање со ова претпријатие.
„Ние се подготвуваме веднаш по влегувањето во Охрид од булеварот „Туристичка“ да поставиме табла со која ќе им посакаме добредојде на гостите. За таа цел е веќе поставена и арматура“, изјави градоначалникот Александар Петрески.