Во токио била одржана венчавка која ја водел матичар робот. Пред педесетина сватови, венчавката била одржана во еден ресторан во центарот на главниот јапонски град. Роботот висот еден и пол метар бил програмиран да ги изврши сите задачи кои ги извршувал матичарот, а бидејќи ова му било прв пат, позади него стоел програмер кој бил спремен да реагира доколку нешто не одело според планот.
Меѓутоа, се одело како што треба, и роботот беспрекорно ја завршил својата задача. Роботот чини 68 илјади долари, а покрај Јапонија досега е испробан и во Сингапур и САД.