Македонскиот ракометен првак Вардар сезонава бележи одлични резултати во Лигата на Шампиони и регионалната СЕХА лига. Но, покрај тоа сопственикот на клубот Русинот, Сергеј Самсоненко се одлучи да му врачи отказ на Зоран Кастровиќ.


Отказот дојде како гром од ведро небо иако Вардар имаше два непланирани пораз од Динамо Минск во ЛШ и од Татран Прешов во СЕХА лигата.

По разрешувањето на Кастратовиќ листата беше долга за негов наследник, а најзвучно име беше екс стратегот на Атлетико Мадрид, Талант Душабаев. Тој дојде во Скопје за мечот со ПСЖ, но за да го гледа неговиот син, Алекс, а не да го преземе клубот по што неговиот ангажман пропадна.

Ново тренерско име кое се поврзуваше со Вардар е селекторот на Русија, Виктор Кулешов, кој исто така го следеше мечот со ПСЖ од трибините. Веднаш по завршување рускиот селектор ја отфрли можноста да биде тренер на Вардар.

Сега за сега предводник на „црвено црните“ е помошникот на Кастратовиќ, Андон Бошковски, кој рака на срце Вардар под негова палка имаше солиден настап во ЛШ ремизирајќи со ПСЖ и победа во СЕХА лигата. Кој друг ракометен стратег ќе биде поврзан со клупата на Вардар ќе покаже времето.

Мх.П.