Оваа година Охрид одбележува редок јубилеј. Пред точно 40 години стариот град е впишан во листата на УНЕСКО како дел од Светското културно наследство. По тој повод, членовите на ЛК Лихнидос презедоа акција за изработка и поставување на три пригодни обележја, изработени од мермер и од форекс.
Спомен плочите се поставени на видни места, токму на трите главни улици преку кои се влегува во стариот град: кај комплексот Горна порта, на ѕидот од култниот ресторан Антико (на улица Самуилова) и на куќата од фамилија Трајчевски (Бутици Тара), покрај комплексот Долна Порта.
Во исто време, лајонс клубовите од Охрид обезбедија средства за набавка и монтирање на вкупно 15 рефлектори и 12 лед сијалици, со кои се комплетно осветлени локалитетите Горна и Долна порта, пригодните плочи и малиот плоштад покрај хотелот Александрија.
Во оваа прилика сакам јавно да им заблагодарам на фамилиите Стружан, Чорбе и Трајчевски, кои веднаш ја прифатија идејата и дадоа безрезервна поддршка за поставување на плочите и осветлувањето на нивните фасади. Тоа е најдобар начин да се покаже љубов кон својот град и респект кон неговата богата историја. – изјави Проф. Д-р Зоран Тунтев, иницијатор на идејата.
Г.М.