Охридската гимназија, еден од најрепрезентативните објекти во градот со автентична архитектура, кој има сентиментално значење за безброј генерации ученици и професори, деновиве блесна во нов сјај. Во рамки на проектот на ЛК Лихнидос „Охрид – град на светлината”, поставено е соодветно осветлување со кое до израз доаѓа најубавата фасада во градот.

Ова е само прва фаза на осветлување, бидејќи зградата има прекрасни детаљи на фасадата и покривот, кои заслужуваат посебно внимание. – велат од ЛК Лихнидос.

Во рамки на проектот „Охрид – град на светлината”, ЛК Лихнидос изврши осветлување на најзначајните објекти во градот како што се црквите Св. Јован Канео, Св. Богородица Перивлепта, Античкиот театар, Самуиловите тврдини, а ново сјај добија и повеќе значајни спомен куќи и училишта.

OhridNews