Подготовките околку организацијата на првиот Меѓународен саем за туризам во Охрид течат според предвидениот план. Според претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески, веќе се пријавени над 70 учесници за Форумот што ќе се одржи во рамки на туристичкиот саем. На него ќе се разговата за формирање регионален туристички производ што е битно за влегувањето на Македонија во туристичката понуда на земјите од регионот.

Пријавени се и над 30 излагачи, а точната бројка на учесници на првиот меѓународен саем за туризам што од 17-20 јануари ќе се одржи во Охрид ќе се знае во текот на денешниот ден, а најдоцна до утре.

Покрај хотели, туроператори и туристички агенции, на саемот во Охрид ќе се претстват и винарии, производители на храна, занаетчии и други. Во рамки на саемот во х. Дрим во Струга ќе се одржи гастро натпревар.

Горан Момироски