Убавицата од Барбадос Ријана во текот на целата кариера ги поместува границите, посебно кога станува збор за изборот на облека. Во тој поглед, пејачката не разочарала ниту кога пристигнала на доделувањето на британските модни награди во Лондон, кога по црвениот тепих прошетала само во сако на Стала Мекартни. На еден од најголемите модни настани во британскиот каледнар, под црното сако не носела ниту градник.

 

Храбро се носела со деколтето кое ја истакнувала големата тетоважа која ја има под градите. Изгледот го надополнила со масивна сребрена огрлица, обетки и торбица, а внимание привлекувале нејзините прстени како и дречливиот лак за нокти. На доделувањето на наградите, покрај Ријана, присуствувале и Кара Делавињ, Рита Ора, Луис Хамилтон и Никол Шерцингер, Ана Винтур и многу други ѕвезди.