Кристен Стјуарт на црвениот тепих измамила голем број воздишки. На премиерата на филмот ‘Cosmopolis’ во кој главната улога ја толкува нејзиниот партнер роб, Кристен се појавила во провокативен црвен фустан кој поприлично го откривал нејзиното деколте. Младата и популарна ѕвезда умешно позирала како сепак не би открила премногу. За среќа на присутните фотографи, неколку пати речиси и се виделе градите.
Фустанот освен изразеното деколте го откривал и голиот грб низ чипкастиот дел. За потребите на својот нов филм морала да се соблече уште во првата седмица од снимањето, а во Кан покажала дека е и е проблем да покаже малку кожа. Ваквите комбинации не се типичен избор за младата ѕвезда, но секако се добредојдени. Таа црвениот тепих позирала со најдобриот пријател на Роб и со својот колега, актерот Том Стариџ.