Викендов, Секторот за внатрешни работи Охрид, во содејство со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на РМ, во  Струга, спроведе координирана акција за откривање на лица кои се занимаваат со препродажба на неавторизирани добра.

При тоа од импровизираните тезги во Струшката чаршија, полициските службеници одзеле близу 2000 пиратски ДВД и ЦД дискови, аудио материјали и книги со исламска литература.

Се преземаат мерки за целосно расветливање на случајот, соопшти полицијата.

Ohridnews