На 07.02.2025 на подрачјето на Охрид, тимови од полициски службеници од СВР Охрид и службеници од Државниот пазарен инспекторат извршија заеднички контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина.

Притоа, на две тезги во градскиот пазар, затекнати се 63 годишно лице од Охрид и 47 годишно лице од Крива Паланка, како за продажба изложиле ножеви, метални боксирачи, телескопски палки, лисици за врзување, клешти, метални палки, ножеви на преклоп, електро шок направи, разни спрејови и други предмети, информираат од СВР Охрид.

Предметите, посочуваат, се одземени и против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

OhridNews