Во својата кариера одигра 223 меча во „коцкестиот” состав, 2003 година на СП во Португалија го освои златниот медал, во 2004 година во Атина олимпиското злато. Европското злато му беше два пати на дофат, во финалињата 2008 година и 2010 година неприминлива пречки беа Данска односно Франција. Нив ќе ги нема во Малме, може ли Хрватска со Игор Вори кој е во стручниот штаб на Лино Червар да се радува на европското.

Не , не да не се разбереме погрешно Лино е пилот на клупата, а јас сум како стујардеса која носи пијалоци во авион. Во јак ритам го играме ЕП и многу е важно што на средбата со Чешка успеавме да ги одмориме клучните играчи и да победиме. Триумфот над Чешка ни покажа дека имаме долг избор на играчи на клупата и дека не треба да се грижиме за ротацијата. – рече Вори.

Главните фаворити за освојување на трофејот Франција и Данска се елиминирани во првата фаза, Германија и домаќинот Шведска се сопнаа во главната фаза. Ова ЕП покажа дека имињата не играат туку волјата и желбата на играчите.

Пред почетокот на ЕП реков дека проширениот систем на натпреварување ќе биде нагазна за мина за фаворитите. Затоа што репрезентација која е е изненадување како Португалија години наназад немаше среќа во ждрепката бидејќи за противници добиваа екстра квалитетни селекции. Кога зборуваме за елиминација на Франција, Данска и домаќинот Шведска значи оти ракометот отишол многу напред, бидејќи пред неколку години незамисливо беше „големите“ и домаќините да не играат најмалку до полуфинале на ЕП и СП. – вели хрватската ракометна легенда.

Според поранешниот кружен напаѓач, новиот систем не е воопшто проблематичен и смета дека и одговара на „коцкестата” селекција.

За сега системот „натпревар пауза натпревар“ нам ни одговара. Мислам дека полошо е да играат ден за ден макар биле тоа и помалку натпревари. Како што се наближува крајот така играчите се поуморни им треба еден најмалку да се одморат и да ја разбистрат главата. Затоа мислам дека системот е добар. – истакна Вори. Со своите 203 цм делуваше како горостаст меѓу ракометарите, постигна преку 500 гола за хрватската репрезeнтација. Сега покрај аут линијата “ужива” во мирниот живот. – “Многу е потешко да играш отколку да бидиш покрај аут линијата на клупата. Јас им се восхитувам на репрезентативците бидејќи ги гледам колку многу се вложуваат во целиот процес на подготовка за тренинг и натпревар. – завршува Вори.

OhridNews