По одличниот старт на квалификациите се понадевавме дека со Катанец на клупата може да направиме чекор понапред во супер тешката група, но токму Русија во ладниот Ноември ни ги “олади“ главите.

До крајот на овие квалификациите си придаваме себе си важност дека ние ќе го кроиме изгледот на табелата, не баре ние сме Италија, а не Македонија.

Единствено податокот што до крајот на овие квалификации играме со Изреал, Хрватска и Русија ни дава таков епитет. На домашен терен ке ги пречекаме Естонија и Андора против кои очекуваме две победи .
    
Пред полни трибини на копмлетно распродадениот стадион во Москва македонските репрезентативци денес во 17 часот ќе и се спортистават на руската “зборнаја“. Со умерен оптимизам патуваме, а ќе одиме скапо да ја продадеме нашата кожа и ќе играме за нашиот рејтинг. Играме со Русија но во мислите ни е Естонија во среда .
        
По одлуката на Катанец да не го повика Николоски дилемата околу тоа кој ќе биде број еден на нашиот гол е исклучена. Меѓу стативите ќе биде Петар Милошевски за кого ова е 47 настап во репрезентативниот дрес.
       
По одлежената суспензија во одбранбената тројка се враќа капитенот Седлоски кој во овај состав има најмногу настапи – 77. Сигурен покрај „Седло“ е само Игор Митрески , кој се враќа во Русија каде помина дел од својата кариера. Единствената непозната во оваа тројка е Васоски или Новески кој се пожали на удар и неговиот настап е доведен во прашање. 
    
Испразнетото место на левата страна по повредата на Петров, позиција којс се покажа дефицитарна ке ја пополни Попов, на десната непиркосонвен е Лазарески иако со игрите на последните два натпревари, посебно на оној на „Маскимир“ не воодушеви.
    
Задолжени за рушење на противничката игра ќе бидат Александар Митрески и Величе Шумиликоски кој добро ги познава русите, две години беше дел од тимот на Зенит од Сан Петерсбург.
    
Голови сигруно ќе се очекуваат од ударната тројка во шпицот. По евентуалната прекоманда на Пандев во самиот шпиц се позивесно е дека Тасески ќе го завземе местото на полушпиц во средината на теренот,на 15 –те натпревари на колку настапи Дарко се уште нема погодок.
    
Во самиот шпиц на нападот се очекува да бидат Стојков и Пандев кои се познаваат уште од пионерските денови во Беласица. Стојков беше стрелец на единствениот погодок на последниот натпревар на Градски против Израел кој го загубивме со 2-1 . Нашиот најголем адут секако е Горан Пандев , напаѓачот на Лацио се наоѓа во одлична  форма , а во подготвителниот период и во квалификациите за Лигата на шампиони го потврди тоа. Се уште го чекаме најдоброто од него во националниот дрес. Пандев во овие квалификации стрелаше прецизно само против Андора.
    
Наш најдобар стрелец во овие квалификации е капитенот Гоце Седлоски со два погодока, прецизен беше за победа против Естонија 1-0,но и на Максимир каде со неговиот гол дојдовме во водство.
    
Судии на натпреварот се: Том Хенинг Овребо, Ерик Растед, Геир Аге Холен и Браге Сандмун, сите од Норвешка. Делегат на натпреварот е белгиецот Вили Хувартс.
    
Само за потсетување почетокот е во 17 часот, директно наптреварот ке го пренесува А1 телевизија .

М.Постоловски